„Боемска рапсодија“ е најслушана песна на 20 век

204

Рекоа дека никогаш нема добро да се продава, бидејќи во првобитната верзија траела дури седум минути, а во последната шест, но се покажало дека песната на британската рок-група „Квин“, „Боемска рапсодија“, според податоците на дискографската куќа „Јуниверзал мјузик груп“ е најслушаната песна на 20 век.

Според компанијата, оваа песна ја надминала границата од 1,5 милијарда стриминг-слушања на интернет. Како што јави магазинот „Вараети“, популарноста на песната се зголемила по излегувањето на истоимениот филм „Боемска рапсодија“, кој ја опишува историјата на создавањето на групата „Квин“.

Студиската снимка на „Боемска рапсодија“ е направена во 1975 година кога била пуштена како сингл. Песната во 1981 година влезе во колекцијата на најдобрите хитoви на оваа група.

Според „Бокс офис моџо“, истоимениот филм, чија премиера во Америка се случи на 7 ноември, во американските киносали досега заработил речиси 174 милиони долари, додека надвор од САД филмот досега заработил над 422 милиони долари.

Буџетот за продукција на филмот „Боемска рапсодија“ е 52 милиона долари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...