Агентката Марија Бутина е обвинета дека собирала информации и му ги пренесувала на еден руски функционер, против кого американските власти годинава воведоа санкции, како и дека настојувала да воспостави врски меѓу американски политичари и Кремљ.
Руската тајна агентка Марија Бутина се согласила да соработува со американските власти и се изјасни за виновна за вмешаност во обид да се влијае врз американската политика кон Русија.
Како што пренесува Еј-Би-Си, Бутина, која беше уапсена летоска и обвинета за завера, призна дека правела завера со цел дејствување во Америка под раководство на неименуван руски функционер.
Уште кон средината на ноември се знаело дека таа размислува да „проговори“ за да го реши својот случај, а нејзините адвокати рекоа дека обвиненијата против неа се „пренапумпани“. Таа тврдеше дека не е руски агент, како и дека е активистка за права за носење оружје.
Таа сега ќе соработува со федералните власти, како и со ФБИ, јавија американските медиуми.