Инцидент пред британскиот Парламент

140

Вооружени припадници на  лондонската полиција денеска уапсија маж во дворот на британскиот Парламент.

Според очевидци, мажот бил соборен на земја, а еден од полицајците му вперил пиштол во главата.  Други очевидци тврдат дека мажот бил онеспособен со пиштол за електрични шокови.

Инцидентот се случил во внатрешнито двор на зградата на Парламентот, од каде мажот бил одведен во полициска станица со лисици на рацете.

Полицијата информира дема мажот е уапсен поради „неовластен влез во обезбедуван објект“. За инцидентот е покрената истрага.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...