Уапсени пензионери на крузер поради меѓународен шверц на кокаин

106

Повозрасна брачна двојка е уапсена откако големо количество кокаин било запленето во нивниот багаж по крстарење од Карибите до Европа.

Седумдесетгодишна жена и нејзиниот две години постар сопруг се уапсени откако во нивната кабина е пронајдено големо количество кокаин. Апсењето е извршено по дојава откако бродот на компанијата Marco Polo of Cruise & Maritime Voyages пристигнал во лисабонското пристаниште.

– Уапсена е повозрасна брачна двојка која пренесувала дрога за време на туристичкото патување од Карибите до Европа. Тие се обвинети за меѓународна трговија со дрога – соопшти португалската полиција.

По дојавата која ја добила полицијата, неколку полицајци преправени во патници успеале да ја уапсат средовечната брачна двојка во Лисабон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...