Во Концепт центарот „Една може/Една прави“ вчера беше отворена артивистичка изложба „Женски град“. Изложбата претставува завршен настан на работилниците „Жените можат!“.
„Жените можат!“ е проект кој таргетира и вклучува жени од сите генерации, и деца на жените-мајки, кои се интересираат за креативно практицирање на женско културано и социјално, интердисциплинарно самојакнење. По серијата работилници со експертки од разни области за неформална едукација со родова димензија, во декември следи завршниот настан – концептуална артивистичка изложба „Женски град“.
Изложбата исто така се приклучува на мапата настани посветени на „16 дена кампања против насилството врз жените и девојчињата“.
„Женскиот град“ е создаден од делата на учесничките во работилниците „Жените можат“, проект на ГО „Една може!“ На оваа изложба со свое артивистичко дело се претставија: Јована Ѓерасимовска, „Клаустрофобичен простор/агорофобија“: семејно насилство, култура на сулување, емоционално насилство, Кичево 2018, Ивана Хаџиевска, „Раце и работа“ Дробен печат, „Македонка“ бр.1, 02.1945 (првиот женски весник во Македонија [Народна Р. Македонија]), Битола 2018, Мартина Лозановска, Мартина Марковска, „11010000 10110110 11010000 10110101 11010000 10111101 11010000 10110000“: Жената низ развојот на технологијата, науката и градот како концепт, а не место, Скопје 2018. Дороти Пачкова, „Уште што друго сум освен што сум канцер на општетсвото“: трансцедентална феминистичка изложба, Скопје 2018.
Со мала церемонија беа доделени и сертификатите за особен придонес на учесници кон работилниците „Жените можат“.