Меган Маркл брилираше на доделувањето на Британските модни награди ФОТО

292
На доделувањето на Британските модни награди за 2018 година синоќа во Ројал Алберт Хол во Лондон, во силна конкуренција, брилираше Војвотката од Сасекс. Во црна кадифена тоалета, Меган Маркл ѝ ја честиташе наградата на дизајнерката на Живанши- Клер Вејт -Келер која беше добитничка на наградата за најдобра женска колекција.
Келер беше дизајнерка на венчаницата на Меган Маркл, но и на другите тоалети за кралското појавување низ светот.

На црвениот килим на овој гала настан продефилираа многу битни личности од модниот свет, како уредничката на американскиот Вог-Ана Винтур и дизајнерот Карл Лагерфелд.

Ќерката на Синди Крафорд, Каја Гербер е модел на годината,  а Пиерпаоло Пициоли, дизајнерот на Валентино, е дизајнер на годината, Гучи е прогласен за бренд на годината, Мучиа Прада ја освои наградата за особен придонес во модата.

Вирџил Аблох ја освои наградата „Урба лукс“, Демна Гвасалиа од Баленсиага е дизајнер на годината за модни додатоци, а Ким Џонс од Диор за машка колекција.

 

 

 

 

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...