Неофицијална изјава, базирана на неофицијални податоци, вака денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов ја нарече вчерашната информација што ја сподели универзитетската професорка Јадранка Дабовиќ, дека во чоколадите за деца на македонскиот пазар нема млеко и какао.
– Не сакам да коментирам неофицијални изјави, базирани на неофицијални податоци. Според Законот, ако имало отстапувања кај производите, лабораториите се должни во рок од 24 часа да ја известат Агенцијата за храна и ветеринарство, ние такви известувања немаме добиено. Тоа е официјалниот став – потенцира Атанасов на прес-конференција.
Производите се испитуваат и според проценките на ризик, нагласи, такви отстапувања нема.