Измените на Законот за придонеси денеска по втор пат пред пратениците

На дневен ред на Комисијата е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити

205

Претениците членови на собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска по втор пат ги разгледуваат Предлог – законот за данокот на личен доход и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување. Двата закона се  носат во скратена постапка.

Пред членовите на Комисијата се и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, во прво читање, како и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за Царинската управа по скратена постапка во второ читање, поднесен од пратениците Јован Митрески, Ејуп Алими, Диме Велковски и Реџаиљ Исмаили.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...