Меј го откажа гласањето за договорот за Брегзит во Парламентот

231
ФОТО: EPA / ANDY RAIN

Британската премиерка Тереза Меј денеска соопшти дека решила да го откаже гласањето во Долниот дом на Парламентот во Лондон за Договорот за Брегзит, предвидено за утре, затоа што, според неа, документот „би бил одбиен со значително мнозинство“.

Најавувајќи го одлагањето на гласањето во обраќање пред членовите на Долниот дом на Парламентот, Меј истакна дека под итно планира да одржи разговори со лидерите на ЕУ за можни измени во договорот.

Лондонскиот весник „Сандеј Тајмс“ уште вчера објави дека се очекува ​​Меј да го одложи утрешното гласање во Парламентот за Договорот за Брегзит, по што ќе замине за Брисел за да напрви последен обид да ја убеди Европската унија за подобри услови во договорот за излез на Велика Британија од ЕУ.

На ваквите најави на медиумите денеска реагираше портпаролката на Европската комисија, Мина Андреева, која изјави дека 27-те земји членки на ЕУ немаат намера одново да преговараат со Велика Британија за договорот за нејзиното излегување од Унијата.

– Договорот постигнат на 25 ноември е најдобриот и единствено можен. Не може да стане збор за предоговарање – нагласи Андреева.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...