Судот во источен Сибир го осуди поранешниот полицаец Микхаил Попков од Ангарска на доживотна казна затвор поради убиство на 56 жени. Тој е познат под прекарот Врколак.
Се верува дека тое е одговорен за убиството на најмалку 78 жени, а осуден е заубиствата во периодот од 1994 до 2000 година.
Попков е уапсен во 2012 година и веќе отслужува доживотна казна за убиство на 22 лица.
Со денешната пресуда, Попков стана сериски убиец со најмногу жртви во последните 100 години.
Психијатарските тестови покажаа дека тој е пресметлив.