Постот е стар колку и човештвото. Дури и најпознатиот „татко на научната медицина“ Хипократ (460-375 п.н.е) од медицински причини постел и го напишал првото упатство за обавување на пост. Своите пациенти Хипократ ги советувал „наместо со лекови, душата и телото да ги лекуваат со пост, умерена физичка активност и чист воздух“. Хипократ тврдел дека секој човек носи лекар во себе, само треба да му се помогне при делувањето. Според Хипократ, умерената глад е мајка на здравјето, а претераната ситост е извор на разни болести. „Кога болниот обилно се храни, се храни и болеста“, сметал Хипократ.
Освен Хипократ, постеле и други големи мудреци како Лао-це, Питагора, Платон, Сократ. Позитивните влијанија на постот им биле познати и на старите цивилизации – Асирците, Вавилонците, Палестинците и Римјаните, Индијците, Египѓаните и други.
За време на 14-дневниот третман за слабеење со NONINVASIVE LIPOSUCTION, апстиненцијата од храната слободно може да се смета за умерен пост. Американскиот доктор Херберт Шелтон во својата 45-годишна докторска пракса на Институтот за здравје во САД, со пост излечил огромен број пациенти. Шелтон објавил книга со наслов „Постот може да ви го спаси животот“, во која навел многу ползи од постењето. Во истата книга, Шелтон пишува дека добро искомбинираните и одбрани пост и диета се најбрз „лек за сѐ“ што може да замислите.
Со тоа, третманот NONINVASIVE LIPOSUCTION го интегрира умерениот пост со задоволување на сите енергетски и нутритивни потреби на организмот (според EFSA стандарди) за да го сочуваме своето здравје и да постигнеме одлични резултати во слабеењето.
Советувалишта и центри за NONINVASIVE LIPOSUCTION (липосукциска исхрана) има и во Загреб, Љубљана, Букурешт, Белград, Софија, Москва… Центарот на „Интернешнл хелт“ во Скопје дава бесплатни совети на телефоните 02 3151714, 070 535033 под раководство на д-р Валентина Крстеска.
(промотивен текст)