По 14 години, Парис Хилтон зборува за тоа како се чувствувала кога во јавноста излезе секс видеото со поранешното момче, Рик Саломон.
Во интервју за документарецот за Нетфликс, Хилтон со солзи во очите зборувала за „Една ноќ во Париз“, пренесува „Космополитан“.
– Преку ноќ, мојот живот се смени. Сите се смееја. Не излегував од дома со месеци. Бев толку засрамена. Се чувствував како секој човек на улица да ми се смее мене. Беше како силување. Како да изгубив дел од мојата душа, се зборуваше за видеото со толку злоба – изјавила Хилтон.
ФОТО: Инстаграм