„Исцелител“ на Ѓорче Ставрески на „Франкофилм“ во Рим

164

Филмот „Исцелител“ ќе биде прикажан на деветиот меѓународен филмски фестивал во Рим, „Франкофилм“. По италијанската премиера на фестивалот во Бергамо пред неколку дена ова е втор фестивал во Италија на кој ќе се прикаже „Исцелител“.

На „Франкофилм“ оваа година се прикажуваат и добитникот на награда во Локарно, бугарскиот „Слава“, добитникот на сребрена мечка на берлинскиот филмски фестивал, романскиот „Ana Mon Amour“ и други.

Прикажувањето на „Исцелител“ е утре, 17 март.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...