Зошто би требало да грицкате зрна какао?

Ако немате сила да го издржите работниот ден до крај, наместо да се напиете уште една шолја кафе, грицнете некое зрно какао.

603

Зрната какао им се добро познати на сите љубители на чоколадо кои знаат дека од нив се прави еден од најомилените „слатки гревови“, чоколадото. Но дали знаете дека и самите зрна сирово какао се јадливи и се многу здрави?

Еве неколку добри причини поради кои би требало да размислите и наместо чоколадо, да почнете да грицкате зрна какао.

Јадливите зрна какао се препржени и излупени од надворешната лушпа па се кршат на помали делови за да можат полесно да се јадат. Можете да ги грицкате како ужина, но можете и да ги додавате во разни јадења за да добиете крцкава текстура и препознатлива чоколадна арома. Покрај сето тоа, во организмот ќе внесете и нутриенти кои се од голема важност за општото здравје.

Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...