Договорот за Брегзит сепак ќе се најде во британскиот Парламент уште во вторник

„Сандеј Тајмс“ претходно објави дека британската премиерка Тереза ​​Меј се очекува да го одложи закажаното за вторник клучно гласање во Парламентот за договорот за Брегзит и на почетокот од следната недела да замине во Брисел на нови разговори.

114

Британскиот државен министер за Брегзит Куаси Картенг денеска изјави дека гласањето во Парламентот за договор за излез од ЕУ ќе се одржи во вторник.

– Ќе има гласање во вторник и планираме да победиме. Имаме добра шанса – изјави Картенг за Скај њуз.

„Сандеј Тајмс“ претходно објави дека британската премиерка Тереза ​​Меј се очекува да го одложи закажаното за вторник клучно гласање во Парламентот за договорот за Брегзит и на почетокот од следната недела да замине во Брисел на нови разговори.

Весникот цитира „министри и помошници“, според кои Меј денеска ќе објави дека го одлага гласањето. Многумина предвидуваа дека таа ќе загуби на гласањето и министрите се загрижени дека поразот може да доведе до пад на Владата, пишува весникот.

Меј следната недела ќе замине за Брисел за да упати последен повик до Европската унија за подобри услови во договорот за излез на Велика Британија, со цел да добие поддршка од пратениците.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...