Ајкула гризна сурфер за нозе

266

Еден сурфер е во тешка состојба во болница откако рано утринава бил нападнат од ајкула во близина на брегот на Австралија, соопшти локалната полиција.

Човекот (36) сурфал кај одморалиште 400 километри северно од Сиднеј, кога ајкулата го гризнала за нозете.

Тој успеал да стигне до брегот каде што го забележал случаен минувач, кој повикал брза помош. На сурферот ми била укажана прва помош на лице место, по што со хеликоптер бил однесен во болница во австралискиот град Њукасл. Неговата состојба е тешка, но стабилна.

Ова е 24-ти напад на ајкула на брегот на Австралија оваа година. На почетокот на годинава од напад на ајкула загина едно лице.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...