Принцовите во кавга која трае откако Хари ја запозна актерката

3098

Од нејзиното доаѓање во Кенсингтонската палата, блиски познаници на парот откриваат дека насмеаната актерка и не е така симпатична како што и изгледа на јавноста.

Откако стаса информацијата дека принцот Хари и Меган Маркл ја напуштаат палатата, објавена е приказната дека зад тоа стои несогласувањето помеѓу браќата. Британскиот „The Sun“ пишува дека нивниот однос повеќе години е во криза. Принцот Вилијам во медиумите секогаш имал подобар имиџ од Хари. Најмногу поради лудите проводи на принцот и папарацо фотографиите кои се објавувани пред врската со Меган. Вилијам го предупредувал братот, но Хари не се менувал.

Емотивниот однос помеѓу Хари и Меган не му се допаднал на Вилијам, кој го советувал да провери со кого се забавува и потоа да донесе важни одлуки во животот.

До судир дошло и кога Вилијам му сугерирал на Хари да не ја кани Меган на свадбата на Пипа  Миделтон, за да не ја стават невестата во сенка. Секако Хари не го послушал.

Извори од палатата велат дека Меган што ќе поска и ќе добие, водителот и колумнист Пирс Морган напишал дека Меган го искористила за лична промоција. Маркл е опишана како жена на која и е важна само популарноста и статусот и дека се ќе стори за да успее во тоа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...