Бесплатки куќи во Јапонија поради драстично намалување на населението

200

Јапонското население, според проценките на Националниот институт за население и социјална безбедност, до 2065 година ќе се намали од сегашните 127 милиони на 88 милиони жители.

Една од мерките е доделување бесплатни домови, со оглед на тоа дека во Јапонија има повеќе домови отколку луѓе кои живеат во нив, објави Си-Ен-Ен.

Во Јапонија во 2013 година имало 61 милион куќи со 52 милиони домаќинства, а се стравува дека ситуацијата може дополнително да се влоши, посебно во селските подрачја, од каде младите масовно се иселуваат.

Се предвидува дека до 2040 година речиси 900 градови и села ширум Јапонија веќе нема да постојат.

Фото: EPA/WAEL HAMZEH
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...