На 23 и 24 март во Кинотеката на Македонија ќе биде промовиран соло албумот „Пази куче“ на Васко Атанасоски. Пред концертите ќе се прикажат два филма во селекција на Васко Атанасоски, кои се дел од програмата „Уредник со причина“. По негов избор на 23 и 24 март ќе може да гo погледнете филмот „Избавување“ (Deliverence), американски филм од 1972 година, во режија на Џон Бoрман, според сценариото на Џејмс Дики, засновано врз неговиот роман.
Филмот постигнал голем успех кај критиката и кај публиката, а бил номиниран за наградите „Оскар“ (во три категории – најдобар филм, режија и монтажа) и „Златен Глобус“ (во четири категории). Исто така, голема популарност постигнала и песната „Двобој со бенџо.На 25 март ќе го погледнете филмот „Најдолгиот пат“ веќе култниот македонски филм на режисерот Бранко Гапо, а по сценарио на Петре М. Андреевски.
Влезниците за концертот на 23 и 24 март во претпродажба се 200 денари (само на билетарницата на Кинотека на Македонија) и со нив следува подарок ЦД од „Сиромашни и богати“ на ХАХАХА, а истите на врата во Кинотека ќе чинат 300 денари, за 25 март влезот е 50 денари. Концертот започнува во 22 часот, a додека филмските проекции на 23 и 24 се од 20 часот, проекцијата за 25 март е од 19:30, пред почетокот на проекцијата на филмот Васко Атанасоски ќе се дружи со публиката со која ќе разговара за филмовите од програмата.