Биткоинот поевтини за 11,6 отсто

Вкупната пазарна капитализација на криптовалутите падна на 108,1 милијарда долари.

190

Биткоинот поевтини за 11,6 отсто и неговата цена за неполн ден достигна 3.412 долари, покажуваат податоците на „CoinMarketCap“.

Падот на Биткоинот ги повлече и останатите криптовалути, како „XRP“ на „Ripple“ која се намали со 10.55 отсто до цена од 0.304 долари, додека Етер на Етериум забележа пад од околу 16 отсто до цена од 87.02 долари.

Вкупната пазарна капитализација на криптовалутите падна на 108,1 милијарда долари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...