Земјотрес од 4,3 степени во водите на Медитеранот

62

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во водите на Средоземно Море, јави Анадолија, повикувајќи се на соопштение од државната Канцеларија за кризни и итни состојби (АФАД).

Земјотресот е регистриран во 9 часот и 25 минути по локално време (8.25 часот по средноевропско време).

Земјотресот, како што соопшти турската телевизија Си-Ен-Ен Турк, бил на длабочина од околу 40 километри, со епицентар недалеку од областа Мугла.

Потресот е почувствуван во реонот на турското одморалиште Датча.

Според првичните податоци, нема повредени лица и предизвикани материјални штети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...