Мост од 950 тони се урна врз возила, шестмина мртви

695

Најмалку шест лица загинаа при уривање на новоизграден масивен пешачки мост во градот Свитвотер во американската сојузна држава Флорида.

Мостот ги поврзувал Меѓународниот универзитет на Флорида и универзитетскиот кампус и минувал над булевар со шест ленти.

Градоначалникот на огругот Мајами-Дејд, Карлос Хименес соопшти дека при инцидентот се повредени најмалку 10 лица, кои се пренесени во болница.

Сообраќајната полиција потврди дека мостот се урнал врз возила.

Мостот, што тежи 950 тони беше пуштен во употреба во саботата.

Мостот е изграден со користење иновативен пристап кон изградба на мостови – техника што требаше да ги намали потенцијалните ризици за работниците, патниците и пешаците и да ги спречи сообраќајните метежи во областа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...