Дефект на моторот причина за несреќата на шефот на Лестер

139
Месец и половина по хеликоптерската несреќата во која загина шефот на Лестер, Вичај Шриваданапраба, истражните органи открија дека причина за трагедијата е дефект на моторот.
Според истрагата, механизамот што ги поврзува педалите во кабината на пилотот со сечилата на роторот, кој го движи задниот дел, не дозволил хеликоптерот да ја достигне потребната височина и практично довел до неговиот пад.
Покрај тајландскиот милијардер, во несреќата загинаа уште четири лица.
Падот на хеликоптерот се случи неколку минути по завршувањето на натпреварот на „лисиците“ против Вест Хем на „Кинг Пауер“ стадионот.
Поради несреќата и смртта на шефот, натпреварот на Лестер со Саутемптон за Лига Купот беше одложен за еден месец.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...