Забите не треба да се мијат веднаш по јадење бидејќи забите и непцата омекнуваат за време на оброкот, па полесно може да се оштетат доколку веднаш ги триеме со четка. Експертите советуваат да се почека од 30 до 40 минути – објави „Брајт сајд“.
Други совети од експертите се и да не се дозволи водата од базенот да влезе во уста, бидејќи средствата за дезинфекција и одржување на водата содржат состојки штетни за забите.
Стоматолозите, исто така, препорачуваат кафето да се испие што е можно побрзо, а не подолго од 20 минути бидејќи на тој начин за овозможува повеќе време за кофеинот да ги уништи непцата и бојата на забите.
Експертите советуваат и забите секогаш да се мијат одвоено, а не за време на капење или туширање, бидејќи тоа е процес на кој треба да се посветиме.
Исто така, не се препорачува пирсинг на јазик ниту џвакање мраз, бидејќи и двете работи ги оштетуваат непцата и забите и можат да предизвикаат испаѓање на пломбите.