Многу ми е драго што сум во Скопје, тука секогаш се чувствувам како дома. Се надевам дека фановите ќе уживаат во концертот и дека заедно многу ќе се забавуваме – изјави популарната пејачка Лепа Брена, најавувајќи го својот концерт на 15. декември, во Вип Арена „Борис Трајковски“ во Скопје.
Турнејата започнала во Лондон, а концертот во Скопје ќе биде подеднакво спектакуларен како оној во Белград.
На вчерашната прес-конференција, Брена откри на каков микрофон ќе пее на концертот, кој е дел од турнејата по повод 35 години естрадна кариера.
– На концертот ќе пеам со микрофонот кој ми го подари мојот сопруг, Бобо. Ја слушнав Адел на концерт во Мајами како пее на таков микрофон, па и јас го посакав истиот – изјави пејачката.
Микрофонот бил направен специјално за популарната пеачка, по дизајн и мерка.
На концертот ќе се пејат старите популарни хитови, но и песните од новиот албум.
Брена исто така изјави и дека снимила документарен филм кој е во три дела кои траат четириесет минути, а истиот е автобиографски.
На пресот Лепа Брена се појави во кошула од брендот „Версаче“, ѕвонарки и каубојски чизми.
(Фото: Слободен печат)