Џиџи Хадид во новиот календар на Пирели (ФОТО)

710

Новиот календар на Пирели ги претставува успешните жени како амбициозни артисти кои ги следат своите соништа. Фотографот е Алберт Ватсон.

Ако во минатото календарот беше со сцени на секс и изразена голотија, Вотсон избра да покаже „жени кои сонуваа за нештата“.

Во снимањето на календарот главна улога имаат 4 жени и секоја од нив има различна приказна која се раскажува низ фотографии.

– Секоја од четирите жени има своја индивидуалност, нејзина цел во животот и нејзин начин на кој ги прави работите. И сите се подеднакво фокусирани на иднината – вели Вотсон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...