Владата бара решение за преполовените државни резерви на нафта

Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати располага со 65 проценти од резервите.

253

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска изјави дека Владата работи на изнаоѓање на решение за ситуацијата со намалените државни резерви на нафтени деривати и оти нема да дозволи ситуацијата да стане алармантна.

– Нема да дозволиме состојбата да ексалира. Ја имаме информацијата и го бараме решението. Во фаза сме на подготовка на измена на Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати којшто ќе треба да се усогласи со новиот текст на Законот за енергетика. Со овие измени ќе се реши проблемот- рече Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со информацијата дека Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати располага со 65 проценти од резервите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...