Словачка протера руски дипломат откако доби информација од воено разузнавачката тајна служба дека се занимава со шпионажа, изјави денеска премиерот на Словачка, Петер Пелегрини.
– Го протеравме на 22 ноември и тој замина од Словачка во следните 48 часа – посочи Пелегрини.
Словачка е членка на Европската унија и на НАТО.