Тројцата ексцентрични механичари, Џими Девил, Ант Партриџ и Хелен Стејси одлучуваат да ја вратат во живот големата британска инженерска компанија „Гоблин“.
Заедно ги реставрираат некои од најпознатите автомобили и мотори на светот, служејќи се со вештините стекнати од својот занает, со чија помош создаваат откачени и прекрасни дизајни.
За времетраењето на серијата ќе ги следиме додека се соочуваат со мошне сложени работи, каде што воедно ќе бидат и во постојан притисок за ширење на бизнисот и создавање свој сопствен бренд.
Гаражата „Гоблин“ ги претвора класичните возила во целосно изменети варијанти со неверојатни перформанси.
Џими Девил одлучува да конструира рели автомобил за улица, но судирот на тест-возењето во целост го менува планот за реставрација. Со откачени бои за каросеријата, надградбата на моторот и врвните дизајни, ова е супермодерна емисија каква што досега не сте гледале.
Серијата ќе започне да се емитува на 7 април, во 20 часот, на каналот „Дискавери“.