Трамп: Мило ми е што Макрон и демонстрантите се согласија со мојот заклучок од пред две години

107
ФОТО: EPA / SHAWN THEW

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ја одлуката на претседателот на Франција, Емануел Макрон да го пролонгира зголемувањето на цената на горивата по протестите, ја оправдува неговата мерка да се повлече од Договорот за климатските промени од Париз.

– Мило ми е што мојот пријател Емануел Макрон и денонстрантите во Париз се согласија со мојот заклучок од пред две години – напиша Трамп на Твитер.

Трамп оцени дека Макрон дошол до ист заклучок како и американскиот претседател односно дека Договорот од Париз од 2015 година е „фатално фаличен бидејќи ја зголемува цената на горивата во одговорните држави, додека ги штити некои од најголемите загадувачи на светот“.

Тој додаде дека сака чиста вода и воздух, но оти американските даночни обврзници не треба да плаќаат за чистење на загадувањето од другите земји.

ФОТО: EPA / SHAWN THEW

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...