Приведени 19 лица поради напад на домот на грчки министер

59

Група од околу 20 маскирани лица, синоќа со камења и молотови коктели ги нападнаа полицајците задолжени за обезбедување на домот на министерот без ресор на Грција, Алекос Флабурарис, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, при инцидентот нема повредени лица, а предизвикана е мала материјална штета на полициско возило. Полицијата при тоа привела 19 лица.

Домот на Флабурарис, што се наоѓа во атинската населба Ексархија, која важи за собиралиште на анархисти, и во минатото во неколку наврати беше цел на напади од маскирани лица.

Во врска со инцидентот, преку соопштенија реагираа и владејачката СИРИЗА и опозициската Нова демократија, кои го осудија нападот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...