Прилепчани се новите милионери кои во Државната видеолотарија на РМ пристигнаа со славенички импресии од убавата добивка која ја посакуваат сите.
Филип Грозоски од Прилеп, заедно со својата дружина го подигнаа чекот на добитниот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ во износ од 1.454.620 денари. МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката е освоена на 1 декември во „Делта Бет Моцарт“ во Прилеп.
Расположен, насмеан, Филип ја сподели својата добитна приказна. Тој раскажа дека со другарите заедно, убаво се забавувале на видеолотариските терминали на Државна Видеолотарија во „Делта Бет Моцарт“ во Прилеп. Играле без преголеми очекувања, чисто за забава. Добивката ги изненадила, па ѝ се радувале возбудено. Славењето траело цел викенд. Филип вели дека парите ќе ги подели со пријателите. Најверојатно дел од нив ќе се искористат за да се купи нов автомобил.
Џек Пот добивките, Државната Видеолотарија на РМ ги стартуваше на први јуни 2016. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото „Играј за забава“, освоени се 164 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 244.015.477 денари. Покрај нив, освоени се и 26.426 Мини Џек Пот добивки во вкупен износ од 163.513.956 денари. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 4 илјади до 5 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000 до 1.800.000 денари.