Карди Би преку Инстаграм им соопшти на фановите дека се разделува од Офсет.
– Многумина ме прашуваа, јас се обидував да ги средам односите со таткото на моето бебе. Ние сме добри пријатели и бизнис партнери. Секогаш кога ми треба совет, го барам него. Се сакаме, но во последно време работите не одеа како што треба. Тоа, не е ничија вина. Не сме заедно. Можеби ќе ни треба време за да се разведиме – вели таа во видеото на Инстаграм.
Тие имаат четиримесечна ќерка. Се венчаа во септември 2017, но раперката не ја потврди информацијата до јуни оваа година.
ФОТО: Инстаграм / Принтскрин