ОН ќе ја засилат борбата против загадувањето со пластика

44

ОН планираат да ја засилат борбата со причинителите на загадувањето со пластични маси, кои ги засега жителите на целата планета, изјави претседателката на Генералното собрание на Светската организација, Марија Фернанда Еспиноза.

– Дури 80 проценти од пластичните маси завршуваат во океаните. Тоа се меѓу осум и 12 милиони тони – изјави Еспиноза на прес-конференција во седиштето на ОН во Њујорк.

Таа нагласи дека според на експертите, доколку продолжи ваквото темпо на загадување до 2050 година во океаните и мориња ќе има повеќе пластика, отколку риби.

– Микрочестичките од пластиката веќе се наоѓаат во морската сол и водата и се смета дека секој човек на планетата веќе ги има во својот организам – посочи еквадорската дипломатка.

Еспиноза нагласи дека токму поради ваквите последици ОН ќе започнат кампања за борба против овој глобален проблем.

– Што можеме да направиме ние самите за да се бориме со оваа закана? Можеме да се откажаме од користењето на предметите од пластична маса во зградите на ОН во Њујорк, Женева и Најроби – истакна Еспиноза, посочувајќи дека таа секогаш си носи термос со вода за да не купува вода во пластични шишиња.

ФОТО: Архива

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...