Земјотрес од 7,5 степени близу Нова Каледонија

86

Земјотрес со интензитет од 7,5 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во Тихиот Океан во близина на француската прекуморска територија Нова Каледонија, по што е издадено предупредување за можна појава на цунами.

Според Американскиот геофизички институт, земјотресот бил на длабочина од 10 километри, со епицентар на 160 километри источно од градот Тадин.

Пацифичкиот центар за предупредување за цунами соопшти дека е можна појава на големи бранови со височина од еден до три метри во реоните на Нова Каледонија и Вануату и до еден метар во областа на Фиџи.

Засега нема инфроамции за жртви или предизвикани материјални штети од земјотресот, што се случил во 5.18 часот по средноевропско време.

Четири минути пред овој земјотрес, во истиот регион е регистриран потрес со јачина од 6 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...