Холандскиот мотивациски говорник Емил Рателбан можеби се чувствува како 49-годишен, но според холандскиот закон, тој сè уште е на возраст од 69 години.
Холандскиот суд во понеделникот го отфрли барањето на Рателбан и административно да се подмлади за 20 години од својата возраст.
– Рателбан може слободно да се чувствува 20 години помлад од својата вистинска возраст и да се однесува соодветно на тоа. Но, измената на датумот на раѓање би предизвикало исчезнување записи од регистарот на раѓања, смртни случаи, бракови и регистрирани партнерства во период од 20 години, што пак би донело различни несакани правни и општествени импликации – соопшти судот во Арнхем.
Рателбан го поднел необичното барање за да си ги зголеми шансите за наоѓање партнерки на социјални мрежи, сметајќи дека поради возраста е дискриминиран.
Рателбан бил на суд минатиот месец, тврдејќи дека не се чувствувал како 69-годишен, велејќи дека неговото барање е во согласност со другите форми на лична трансформација што се прифаќаат ви Холандија и низ целиот свет, како што е можноста да се промени името или полот.
Судот рече дека тоа не го сметаат за валиден аргумент за измена на датумот на раѓање на лицето.