Иако се ширеа гласини дека господинот Голем ќе умре во третиот филм од „Сексот и градот“, сепак актерот Крис Нот ги негира овие тврдења. Според последните информации, фановите на серијата нема да добијат трет филм.
– Немаше да умре. Нема шанси. Тоа е лага – изјавил Нот за „Пејџ сикс“.
Кога бил прашан дали смета оти Ким Катрал била таа која ја раширила веста за смртта на господинот Голем, тој одговорил дека не знае.
– Нема драма, нема филм, нема ништо од тоа. Готово е, заврши – изјавил Нот за „Д Сан“.
ФОТО: Getty – The Sun