Еди Марфи стана татко по десетти пат

1059

Американскиот актер Еди Марфи и неговата вереница Пејџ Бачер добија син, соопшти синоќа портпаролот на познатиот комичар.

Како што јавија американските медиуми, најновиот син инаку е десетто дете на 57-годишниот Марфи, од кои второ со Бачер.

Најстариот син на Марфи, Ерик има 29 години.

Портпаролот на актерот информира и дека по породувањето, Бачер и бебето се добро.

ФОТО: EPA/NINA PROMMER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...