Јованов: Протестот на рударите од „Саса“ не е прекинат

155

Претседателот на локалниот огранок на МЕСО во Македонска Каменица, Сашо Јованов ја демантираше информацијата од раководството на „Саса“ дека е постигнат договор за итен прекин на блокадата кон рудникот „Саса“. Јованов вели дека протестот трае веќе втор ден без прекин, односно рударите се на локалниот пат во селото Долно Саса и дење и ноќе.

– Се служат со нечесни игри. Јас како претседател на синдикатот пред еден час од членството добив едногласна поддршка со која што додека на Сашо Јованов не му се признае да биде дел од преговарачкиот тим и да му со овозможи непречена комуникација со менаџерскиот тим да влегува и излегува од фримата и додека не се исполнат барањата на рударите за повисоки плати нема да прекинеме со протестите – вели Јованов.

Тој истакна дека над 300 рудари се на протестите во селото Долна Саса, најавува дека доколку не се прифатат нивните барања за да се седне на преговарчка маса, во тој случај од утре на протести излегуваат и нивните семејства, жени и деца.

Менаџментот на рудникот „Саса“ и синдикалните лидери денеска соопштија дека постигнале согласност за прекин на штрајкот и за почеток на преговори.

Од компанијата информираа дека на вчерашната средба била презентирана документација со кои било потврдено дека Синдикатот на МЕСО легитимно ги претставува интересите на дел од вработените во „Саса“ по што е договорено во рок од 20 дена синдикатите на МЕСО и СИЕР да формираат заеднички тим за преговори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...