Убиен Албанец-еден од главните команданти во терористичката ИД

410
Во судири со сириските демократски сили (СДС) во близина на градот Хаџин, во источниот дел на Сирија, убиен е Албанец, командант во структурите на терористичката „Исламска држава“.

Според албанските медиуми, станува збор за Албанец познат под името Абу Усама Ал-Албани, еден од главните команданти во ИД.

Се смета дека командантот на ИД е странец од Албанија, дека е предводник на одбраната на овој фронт на Еуфрат против сириските демократски сили – наведуваат локалните медиуми, без да бидат наведени други детали.

Во Сирија и Ирак, во редовите на ИД се приклучија околу 150, а на тамошните боишта убиени се над 20 албански државјани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...