Столтенберг: Наскоро „зелено светло“ за БиХ за членство во НАТО 

61
ФОТО: EPA/OLIVIER HOSLET
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека Босна и Херцеговина, најверојатно во текот на неделата, ќе добие „зелено светло” за да направи голем чекор кон идното членство во Алијансата.

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО в среда ќе ја повикаат Босна и Херцеговина да го поднесе својот прв акциски план за реформи, како дел од Акцискиот план за членство (МАП), кој им помага на земјите да се подготват за пристапување.

Столтенберг денеска рече дека очекува министрите во среда да сигнализираат дали се подготвени да ја прифатат првата годишна национална програма. Тој додаде дека потоа останува на Босна и Херцеговина дали ќе ја искористи оваа можност.

НАТО понуди МАП на Босна и Херцеговина во 2010 година, но одби да го активира сè додека не бидат исполнети сите услови. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...