Се бараат работници за 8.459 работни места

Највисока стапка на слободни работни места има секторот „административни и помошни услужни дејности“ и таа изнесува 5,08 проценти, додека најмала е стапката во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“, каде е 0,21 процент.

533

На пазарот на труд во Македонија има 8.459 слободни работни места, од кои најголем дел, 3.264, се во групата „работници во услужни дејности и продажба“. По нив следат работниците од групата „техничари и средни занимања“ каде има 1.172 слободни работни места, па „ракувачи и составувачи на машини“ со 1221 работно место. Има слободни 858 работни места за службеници.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, стапката на слободни работни места во третиот квартал годинава изнесува 1,67 отсто.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот „административни и помошни услужни дејности“ и таа изнесува 5,08 проценти, додека најмала е стапката во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“, каде е 0,21 отсто.

Највисока стапка на слободни работни места од 2,44 отсто имаат фирмите со три до девет вработени.

Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,35 отсто, по што следи Источниот со 2,2 отсто, Југоисточниот со 1,83 отсто, Југозападниот со 1,70… Во Скопскиот регион стапката на слободни работни места е 1,5 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...