Запознајте го новиот Peugeot Rifter

78

Еуроимпекс го претстави најновиот модел во гамата, модуларниот Peugeot Rifter. Новинарите имаа можност во петокот во Маврово да тестираат два различни мотора и ниво на опременост: Peugeot Rifter 1.5 Blue HDi 100 КС Active и Peugeot Rifter 1.5 Blue HDi 130 КС ЕАТ8 GT Line. 

За време на возењето секој од лицата учесници имаше можност во одредени стоп точки да ја промени својата позиција во возилото со цел да ги почувствува перформансите на моделот во улога на возач, совозач или пак патник на задната клупа, каде подот е целосно рамен, па дури и да се наоѓа во средишна позиција, патникот има целосно чувство на комфор.

– Во сегментот во кој спаѓа новиот Peugeot Rifter, брендот бележи успех повеќе од 20 години со Peugeot Partner. Peugeot Rifter е конструиран под паролата „квалитет без компромис“ изработен е на нова EMP2 платформа, има нови моториробусен и елегантен, со видлив квалитет на изработка и е генијално модуларен – изјави Ивана Манчева Михајловска, регионален маркетинг директор во Еуроимпекс.

Новиот Peugeot Rifter е сосема ново возило.

– Тој не е СУВ, не е моноволуменец. Тој е сосема нов предлог даден од Peugeot, затоа и имаме ново име. Самото име е кратко и веднаш потсеќа на движење вон градска средина, на робустност, модуларност, авантура… На дизјанот од новиот Rifter имаат работено 30 дизајнериТочно е дека дизајнот на овој модел е повеќе агресивен и модерен, сепак ќе кажеме дека секое возило има свој стил, дизајн и своја потенцијална клиентела за која е наменет – изјави Ана Николоска, менаџер за медиуми и односи со јавност во Еуроимпекс.

Томислав Нафидов, регионалниот директор на продажба во Еуроимпекс, издвои неколку од елементите по кои е препознатлив Новиот Peugeot Rifter. Неговиот изглед содржи линија на SUV возила, капакот на моторот е значително покус, странично до израз доаѓаат интегрирани во возилото кровните носачи/накосеното ветробранско сталкло/странична заштита од пластика/големите тркала, на задната страна има добро препознатливи LED стоп светла во форма на лавовски канџи/во зависност од изведбата задниот дел може да има петта врата со стакло на отворање или двокрилна врата.

Внатрешноста располага со прочистен дизајн, инструмент таблата е повисоко поставена, располага со i-Cockpit, 8 инчен екран на допир, компактен управувач кој има рамни делови, располага со многубројни места за одлагање на предмети во внатрешноста, во зависност од изведбата овој модел поседува и Zenith кров со електрични завеси кој дава поголема прегледност и осветленост во кабината.

Повеќе информации за Новиот Peugeot Rifter можете да најдете на веб страницата www.peugeot.mk или на FB страницата> FB/PeugeotMacedonia

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...