Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска изјави дека Русија, а не Украина ја заштитува Европа од варварство, милитаризам и агресија, тиранија и тероризам.
Нејзината изјава уследи откако украинскиот претседател Петро Порошенко истакна дека Русија планира да ги заземе Маријупол и Бредјанск.
– Поради актуелниот режим во Киев, денешна Украина ја карактеризираат маршеви на екстремисти и паравоени групи, војна против сопствениот народ, пропаганда и манипулација како клучно средство на владеење, провокации како надворешнополитички концепт, корупција, заплашување на новинари и контрола над медиумите – напиша Захарова на Фејсбук.
Таа додаде дека „Украина ја карактеризира и национализмот како национална идеја, диктат на полициските агенции, недостиг на механизам за јавна контрола и ерозија на владините институции“.
ФОТО: Твитер