Николас Кејџ ќе го глуми Супермен

212
ФОТО: EPA/INGO WAGNER

На холивудскиот актер Николас Кејџ конечно ќе му се оствари желбата да се најде во улога на Супермен. Сепак, не станува збор за најава на блокбастер, туку за ангажман на оскаровецот во анимираниот филм „Teen Titans GO! To the Movies“.

Кејџ ќе го позајми гласот за суперхеројот во анимираниот филм што ќе излезе на 27 јули годинава. Филмот е адаптацијата на анимираната серија што се емитува на „Картун нетворк“.

Инаку, во 1998 година пропадна филмскиот проект „Супермен живее“, на Тим Бартон и по сценарио на Кевин Смит, а во кој Кејџ требаше да биде главниот лик.

Николас Кејџ има уште една супер поврзаност со Супермен – го поседуваше првото издание од стрипот „Акшн комикс“ за Супермен од 1938 година, едно од најретките изданија во светот, кое подоцна го продаде за 2,1 милион долари.

ФОТО: EPA/INGO WAGNER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...