Францускиот претседател Емануел Макрон посочи дека синоќешниот бран насилство и вандализам во Париз на никаков начин не може да се оправда и дека нема никаква врска со мирно манифестирање на легитимниот гнев.
– Ништо не ги оправдува нападите врз безбедносните сили, ограбувањето на продавници, палењето на јавни и привати згради, заканите врз минувачите и новинарите или уништувањето на Триумфалната капија – нагласи Макрон во Буенос Аирес, каде учествуваше на Самитот на Г-20.
Истакна дека оние кои извршуваат насилство само сакаат да шират хаос.
– Тие ги изневеруваат целите кон кои тврдат дека се стремат. Ќе бидат идентификувани и повикани на одговорност пред судот за нивните постапки. Секогаш ќе ги почитувам протестите, но нокогаш нема да прифатам насилство – порача Макрон.
Париската полиција соопшти дека на вчерашните протести во Париз се упасени 270 лица, додека 110 се повредени, меѓу кои и 17 полицајци.
ФОТО: EPA / Juan Ignacio Roncoroni