„Македонски телеком“ ќе подели 25,9 милиони евра дивиденда

Одлуката за поделба на дивидендата треба да ја донесе Собранието на акционери закажано за 16 април.

1022

Телекомуникацискиот оператор „Македонски телеком“ објави дека годинава ќе подели дивиденда во износ од 25,9 милиони евра, колку што изнесува нето добивката за 2017 година, соопшти компанијата на интернет страницата на Македонска берзата.

Одлуката за поделба на дивидендата треба да ја донесе Собранието на акционери закажано за 16 април.

според предложеното бруто износот на дивиденда по акција е 18,37 денари, а право на дел од добивката ќе имаат сите акционери што ќе бидат евидентирани во книгата на акционери на „Македонски телеком“ на 17 мај 2017 година. Последен ден на тргување со акциите со право на дивиденда е 15 мај, а исплатата на дивидендата ќе се изврши до 30 септември.

Најголем акционер во компанијата е Дојче Телеком, кој поседува 51 отсто од акциите преку локалната компанија „Каменимост АД“. Македонската влада има удел од 34,81 отсто во капиталот на „Македонски телеком“. Дивиденда ќе добијат и малцинските акционери, кои во најголем дел се вработени и пензионери од телекомуникациската компанија, а кои поседуваат 2,73 отсто од капиталот. Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ поседува 1,45 отсто од акциите, а „Македонски телеком“ поседува и 10 отсто од сопствените акции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...