Сепак имаше кратка средба Путин – Трамп

158
ФОТО: ЕПА

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп вчера имаa куса средба на маргините на Самитот на Г-20 во Аргентина, изјави денеска советник во Кремљ, Јуриј Ушаков.

Ушаков додаде дека тој се сретнал со советникот на Трамп за национална безбедност Џон Болтон.

– Русија и САД се подготвени да ги продолжат контактите – наведе Ушаков.

Но, тој посочи дека „не е сигурен кога би можело да биде одржан нов состанок меѓу Путин и Трамп“.

Американскиот претседател вчера изјави дека решил да ја откаже планираната средба со неговиот руски колега Владимир Путин на маргините на Самитот на Г-20 во Буенос Аирес, поради инцидентот со украинските бродови во близината на Крим.

– Тоа беше единствената причина – изјави вчера Трамп во Буенос Аирес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...