Ени Ленокс на сцената се враќа по осум години

312

Ени Ленокс, на сцената се враќа после 8 години со песната „Реквием за приватна војна“. Синглот е дел од новиот биографски филм „Приватна војна“ во режија на Метју Хајнеман.

Филмот е за новинарката Мери Колвин, која беше убиена за време на репортажа во сирискиот град Хомс во 2012 година.

Ленокс (63) во едно интервју изјави дека се запознала со Колвин пред да почине.

Шкотската пејачка и композиторка вели дека засега нема планови да пишува други песни, и дека нејзиното внимание е насочено кон глобалниот феминизам, поддржувајќи организаиции како Новинарската мрежа „Мери Колвин“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...