Почина Џорџ Буш постариот, 41-от претседател на САД

За време на неговото владеење се случи падот на Берлинскиот ѕид, падот на СССР и Варшавскиот пакт.

422

Поранешниот претседател на САД Џорџ Буш постариот почина синоќа на 94-годишна возраст во неговиот дом во Хјустон, Тексас.

Веста за смртта на 41. претседател на САД ја објави неговиот син, поранешниот претседател Џорџ Буш помладиот.

„Џеб, Нил, Марвин, Дороти и јас со жал ве известуваме дека по 94 забележителни години почина нашиот почитуван татко. Џорџ Херберт Вокер Буш беше благороден човек и најдобриот татко, кој би можел да се поска“, напиша Џорџ Буш помладиот во соопштението, објавено на Твитер од портпаролот на семејството Џим Макграт.

Џорџ Буш постариот беше 41. претседател на САД. За време на неговото владеење меѓу 1989 и 1993 година заврши Студената војна. Ве негово време беше изведена воената операција „Пустинска бура” против ирачкиот претседател Садам Хусеин.

Буш беше претседател во еден мандат. На изборите во 1992 година беше поразен од демократот Бил Клинтон.

Џорџ Буш постариот беше ветеран од Втората светска војна, конгресмен од Тексас, директор на ЦИА и потпретседател на Роналд Реган.

Неговиот син Џорџ Буш помладиот беше 43-от претседател на САД, а другиот негов син Џеб Буш беше гувернер на Флорида.

Во последните години, тој страдаше од Паркинсонова болест. За време на неговото владеење се случи падот на Берлинскиот ѕид, падот на СССР и Варшавскиот пакт. Во 1989 година Буш постариот даде наредба за воен упад во Панама, а во 1991 година, кога Ирак одби да ги повелече своите сили од Кувајт, ја нареди операцијата „Пустинска бура”.

Буш постариот сдржа седум средби со шефовите на СССР и Русија Михаил Горбачов и Борис Елцин, како резултат на што беа потпишани два договора за намалување и ограничување на стратегиското  вооружување (СНВ-1 и СНВ-2).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...